Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Стапката на невработеност во еврозоната е најниска од мај 2009 година и изнесува 9,5 отсто во март, соопшти Канцеларијата за статистика на ЕУ.
Како што оценуваат аналитичарите ова е знак дека економијата во овој регион е се посилна, а последица е на се поголемиот извоз на најсилните економии.
Стапката на невработеност била највисока во 2013 година кога изнесувала 12 отсто, и оттогаш константно паѓа.
Најниската стапка на невработеност е забележана во Германија (3,9 отсто), додека највисока е во Шпанија (18 отсто) .