Home Актуелно Германија понуди воздушна одбрана на небото над Полска

Германија понуди воздушна одбрана на небото над Полска

Портпаролот на Министерството за одбрана на Германија кажа дека Берлин ќе ѝ понуди на Полска испраќање повеќе борбени авиони кои, заедно со полското воено воздухопловство, ќе го штитат небото над таа европска земја.

„Како дел од нашата реакција на инцидентот во Полска, ќе понудиме јакнење на заштитата на небото со наши борбени авиони „јутофајтер““, кажа Кристијан Тиелс.

„Мисијата може да почне уште утре, ако Полска така сака“, кажа портпаролот на германското министерство за одбрана, додавајќи дека патролите би можеле да почнуваат од германските воздухопловни бази, односно дека нема потреба од префрлање авиони во полските бази.

Германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт планира да разговара со својот полски колега за оваа тема.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…