Германија мора да му исплати 773.000 евра на фармер за римска бронзена глава од коњ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Германскиот суд пресуди дека германските власти мораат да му исплатат на фармерот 773.000 евра на име на вредноста на главата на бронзениот коњ од римскиот период, бидејќи истата беше пронајдена на земјиштето кое е во негова сопственост во 2009 година.

Главата, која е дел од статуата на римскиот император Август, археолозите ја пронашле на местото Лахнау, во западна Германија. Покраината Хесе првично му исплатила на фармерот 48.000 евра.

Регионалниот суд во Лимбург денеска соопштил дека според нивните закони фармерот имал право на половина од вкупната вредност на пронајдениот предмет, која е проценета на 1.6 милиони евра. Тој има право и на камата, пренесува „АП“.