Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Министерот за внатрешни работи на Германија, Хорс Зехофер, изјави дека Германската влада ќе го прошири системот за издавање шестмесечни визи и за квалификувани работници (досега беше достапен само за луѓе со факултетски дипломи). Со оваа мерка на сите соодветни кадри надвор од Европската унија ќе им биде дозволено да бараат работа во Германија, со што ќе се анулира проблемот со недостиг на квалификувани работници.
Зехофер изјави дека системот за издавање визи, моментално достапен за луѓето со факултетски дипломи, ќе се прошири на луѓе со стручни квалификации.
Министерот изјави дека Германија не сака имиграција која влегува во системот за социјална помош. Барателите на виза ќе мора да докажат дека можат да се издржуваат себеси и дека знаат германски.
Министерот за работа Хубертус Хајл изјави дека владата се договорила за прагматично решение за одбивање на баратели на азил што имаат работа во Германија и се добро интегрирани. Тој додаде дека владата има намера да им даде сигурен статус, така што погрешните луѓе нема да бидат вратени назад, а потоа ќе се обидат да ги регрутираат квалификуваните работници од третите земји.