Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас апелираше до Европската Унија да го укине правото на вето кое го имаат членките на Унијата за ЕУ да не биде „заложник“ во своето дејствување.
„Повеќе не можеме да бидеме заложници на оние кои со ветото ја парализираат европската надворешна политика. Оние кои тоа го прават си играат, помалку или повеќе долгорочно, со кохезијата на Европа“, изјави Мас во Берлин.
Правилата на ЕУ предвидуваат одредени одлуки, особено околу оданочувањето и надворешната политика, да бараат едногласна одлука на државите членки, а тие имаат можност да го искористат ветото за да блокираат или одложат некоја одлука.
Унгарија во последните месеци редовно го користеше своето право на вето за да блокира критични изјави на ЕУ за Кина.
Неодамна Унгарија одби да поддржи декларација за повик на прекин на огнот во израелско-палестинскиот конфликт. И Полска ставаше вето на некои европски одлуки и ставови.
Мас се заложи наместо вето да биде вратен мнозинскиот принцип на гласање.