Германија им „стапнува на опашка“ на Инстаграм „инфлуенсер(к)ите“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германската влада планира да воведе закон со кој ќе ја регулира пропагандната содржина на интернет, што посебно се однесува на „инфлуенсер(к)ите“ на социјалните мрежи чии објави често се платени како реклами, а не се препознати ниту означени како такви.

„Сметаме дека само по себе се подразбира дека објавите за кои некој ќе плати, да бидат означени како реклами“, вели државниот секретар во германското Министерство за правосудство, Герд Билен, за јавниот сервис ZDF.

Најавата на законот е реакција на правната несигурност кога е во прашање ширењето на содржини преку социјалните платформи како Инстаграм.

На почетокот на оваа година, судот во Карлсруе ја принуди „инфлуенсерката“ Памела Рејф, која на Инстаграм има над 4 милиони следбеници, своите објавени содржини на оваа платформа кои содржат линкови за онлајн продавници да ги означи како реклами.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pamela Reif (@pamela_rf) on

Во случајот со Кети Хумелс, судот Минхен заклучи дека е „општо познато“ дека таа рекламира разни брендови, па според тоа нема потреба своите објави да ги означува како реклами.

„Новиот закон би требало да ја олесни дефиницијата за тоа кога и како некоја објава на Инстаграм станува реклама и со тоа да ја елиминира несигурноста која се појавува во овој сектор“, вели Билен.

„Инфлуенсер(к)ите“ имаат големо влијание врз публиката, особено врз помладите генерации, па оттука нивните канали на социјалните платформи се примамлив терен за комерцијалните компании, особено за оние од светот на модата и животниот стил.