Германија гневна на Кина – од официјален Пекинг ќе бара обештетување за епидемијата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Револтирана и гневна на официјален Пекинг, Германија ќе бара финансиско обештетување од Кина заради глобалната пандемија на коронавирусот.

Според Германија, Кина должи 149 милијарди евра отштета од влијанието и последиците што Ковид-19 ги предизвика и сè уште ги предизвикува. Овие случувања доаѓаат по обвинувањата дека Пекинг го покривал размерот и нивото на кризата, во време кога изворот на избувнувањето на жариштето останува мистерија.

Еден ден откако САД го предупредија Пекинг за последиците што го чекаат, доколку свесно е одговорен за ширењето на Ковид-19, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД сакаат да испратат тим експерти во Кина за да го истражат коронавирусот.

Во меѓувреме, за среќа во Шпанија продолжува значителното намалување на жртвите од Ковид-19. Во последните 24 часа, починале 399 пациенти, а пријавени се околу 4.200 нови случаи. Во Индија пак, има 1.553 нови случаи што претставува највисок дневен број од почетокот на пандемијата во таа земја. Пријавени се уште 36 нови жртви.

А, Велика Британија се подготвува да започне со употреба на крвта на излекуваните од коронавирусот за лекување на болните пациенти. Поради тоа од оздравените се бара да донираат крв со надеж дека антителата што веќе излечениот организм ги создал, ќе помогне во совладувањето на вирусот кај другите. Соединетите држави започнаа голем проект за да ја проучат оваа можност, во кој се вклучени повеќе од 1.500 болници.

Во последните 24 часа, во Албанија се потврдени 22 нови случаи. Други 13 лица се излекувани со што вкупната број на оздравени достигна на 327. Албанија досега регистрираше 26 смртни случаи од новиот коронавирус.

Инаку, друга група лекари и медицински сестри од Албанија заминаа денес за Италија на помош. Во Косово пак, вкупно 561 лице се регистрирани како заразени. Од овој број, 102 се опоравени, а 12 ги загубија животите. 53 лица се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, од кои 11 се во сериозна состојба.