Германија е-тротинетите ги брка од тротоарите и ги вклучува во сообраќајот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот Горен дом од Парламентот потврди дека на предлог на министерот за транспорт, Андреас Шауер, електричните тротинети од тротоарите се префрлаат на улиците.

Со овој предлог , Германија е една од последните држави во Европа, каде електричните тротинети и слични возила се префрлаат на улиците и да станат рамноправни учесници во сообраќајот.

Ваквите возила не смеат да се движат побрзо од 20 км/час, а возачот треба да биде постар од 14 години. Освен на улиците, електричните скутери и тротинети , како и сличните возила, ќе може да се движат и на велосипедските патеки.

На возачите ќе им биде забрането да носат слушалки за време на возењето , а таквиот прекршок ќе се казнува со 135 евра.