Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Однесувањето на Кристиано Роналдо во последните недели, како и неговата желба да го напушти Манчестер Јунајтед, не им се допаѓа на многу легенди кои го носеле култниот дрес на „Црвените ѓаволи“.
Една од иконите на Јунајтед, поранешниот капитен Гери Невил без влакна на јазикот го коментираше однесувањето на Роналдо
„Како поранешен капитен на Јунајтед, ми се гади што го гледам ова. Ѕвездата на Манчестер Јунајтед игра разни игри во соблекувалната. Не треба вака да се однесува главната ѕвезда на клубот. Ова се случи неколку пати во последните неколку години. Го имавме Пол Погба, кој цело време вака си играше со клубот“, изјави Невил.
Португалецот не сака да остане на „Олд Трафорд“ бидејќи клубот не игра во Лигата на шампионите. Покрај тоа, Кристиано смета дека клубот не донел доволно добри играчи за да биде конкурентен во следната сезона.