Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се поглесни се гласините дека Герет Бејл ја игра последната сезона на „Сантиаго Бернабеу“, а шпанските медиуми тврдат дека прашање е само во кој клуб ќе се пресели и за колкава сума Реал ќе добие за него.
Герет Бејл од доаѓњето во Реал Мадрид освои три титули во Лигата на шампионите и една титула во Примера, па од таа страна никој не може да каже дека за него залудно се фрлени пари. Но, кога ќе се види придонесот тој одигра само 55% од минутите во Реал, што е премалку за играч кој е купен 100 милиони евра. Во Шпанија го нарекуваат „стаклен човек“, се повреди на 19 различни места, а вкупно собра 25 повреди.
Неговата цена од ден на ден се повеќе паѓа, па на Перез му е јасно дека направи грешка кога минатото лето не го продаде во Јунајтед, а сега медиумите тврдат дека од неговото заминување Реал ќе инкасира „само“ 85 милиони евра.
„Кралевите“ веќе спремија сума од 200 милиони евра и следното лето сигурно ќе донесат голема ѕвезда која ќе треба да го замени Велшанецот.
Медиумите шпекулираат со неколку имиња – Хари Кејн од Тотенхем како и Еден Азар кој сака да работи со својот идол Зидан.
Во последно време се почесто се споменува Нејмар, но тоа е тешка мисија, а денес медиумите открија шокантна вест. Имено, се тврди дека ПСЖ нема да има доволно пари да го реализира трансферот на Мбапе по завршувањето на позајмицата, дека нивните финансиски проблеми се од таква природа што ќе мораат да продаваат, а не да купуваат играчи, па ако младиот напаѓач се врати во Монако, Реал ќе го купи и тоа за сума од околу 200 милиони евра.