Герет Бејл „рипна в тавче – со приватна затворена журка без семејството од невестата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалската ѕвезда Герет Бејл кој е дел од елитата на кралскиот Реал Мадрид, официјално стапи во брак со својата долгогодишна партнерка Ема Рис- Џоунс. Венчално-свадбената церемонија и забава беше одржана на мал остров во близина на Мајорка, затворена за медиумите и пошироката јавност.

Парот го кажа судбоносното „да“ пред само околу 60 гости , блиски роднини и пријатели. За свадбата било изнајмено посебно обезбедување , се верува поради семејната драма што последниве години ја преживува Ема.

Нејзиниот татко ја отслужи шестгодишната казна затвор поради измами и перење пари, а другите членови на семејството се дел од криминал и се занимаваат со дилање дрога.

На свадбата не беа повикани ниту бабат и дедото на Ема, кои ја одгледале, најверојатно зашто таа им е лута што поради нив со години се одлага венчавката.

Свадбата требаше да се одржи лани во Тоскана, но беше откажано поради катастрофално лошите односи во семејството на Ема. По излегувањето од затвор, нејзиниот татко почнал да живее со руска цвеќарка, што дополнително ја изнервирало Ема. Минатата година на свадбата требаше да пее Бијонсе, но целата прослава се откажа.

Гарет Бејл и Ема се во врска од средношколските денови. Имаат две деца и ретко се појавуваат заедно во јавност. Се знае за неа дека на почетокот накариерата на славниот фудбалер работела како фризерка во Кардиф.