Герет Бејл го шокира Реал Мадрид


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Зинедин Зидан на лето планира да прави голема реконструкција на тимот на Реал Мадрид, па на неколку ѕвезди ќе им ја отвори излезната врата, меѓу кои и Герет Бејл.

Раководството на Реал Мадрид веќе го известило Герет Бејл дека планира да го продаде ова лето, притоа изразиле благодарност за неговото однесување од пристигнувањето во 2013 година.

„Кралевите“ планираат ова лето најмногу да заработат од продажбата на Велшнаецот, но последните информации од Шпанија тврдат дека Бејл има сосема поинаква идеја.

Имено, Бејл сака да продолжи да го носи белиот дрес. Велшкиот репрезентативец преку својот агент ја соопштил намерата на раководството на Реал Мадрид, соопштува „Ла Секста“.

Ваквиот став на Бејл ги шокира челниците на Реал Мадрид, кои сакаат да се ослободат и од неговата голема плата која изнесува 19 милиони евра годишно.

Токму тоа е и причината поради која што Бејл сака да остане, бидејќи заинтересираните клубови не се спремни да му дадат толку голема плата.

Велшанецот за Реал одигра вкупно 227 натпревари и има скор од 102 погодоци и 63 асистенции. Оваа сезона на 38 настапи запиша 14 погодоци и пет асистенции.