Георгина VS Антонела – која вртка повеќе пари?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Антонела Рокузо, сопругата на Лионел Меси и Георгина Родригез, поубавата половина на Кристијано Роналдо, моментално се најпознатите жени на фудбалери, популарните „WAGs-ици“.

Иако Антолена и Георгина поради својата убавина се секогаш се интересни за јавноста, очекувано двете девојки како и нивните посилни половини беа посебно интересни за јавноста за време на Светското првенство во Катар.

Сега во медиумите се иницираше и дилемата која од нив две е побогата.

Имено, богатството на Георгина се проценува на 12 милиони евра, што е речиси половина од богатството на Антонела, чие богатство се проценува на повеќе од 20 милиони евра.

Според неофицијални информации, и Меси е побогат и од Роналдо. Нето богатство на Меси се проценува на 560 милиони евра, а на Роналдо на 470 милиони евра.

И додека приходите на атрактивната Георгина најмногу зависат од „џепарлакот“ од Роналдо, тоа не е случај со Антонела.

За време на студентските денови сопругата на Меси, Антонела потпишала договор со аргентинска компанија, а потоа започнала и сопствен синџир на женски чевли.

Роналдо пак секој месец на Георгина и дава околу 100.000 евра, за кои јавноста вели дека се „џепарлак“ што славниот и богат фудбалер ги дава во знак на внимание за грижата за нивните деца.