Георгина откри детали од животот со Роналдо (фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Георгина Родригез, вереницата на Кристиано Роналдо и мајка нанеговото најмало дете, за шпанскиот „Хело“ проговори со животот со фудбалската легенда.

Атрактивната Георгина веќе година и половина е во врска со Роналдо. Од моментот кога ја запозна на една „Долче и Габана“ забава не се одвојуваат еден од друг.

Од раѓањето на нивната ќерка Алана Мартина се уште посреќни и позаљубени, раскажува Георгина.

„Двајцата го избравме иметом Кристиано избра Алана, а јас Мартина. Не сакавме премногу да се препукуваме па решивме да ги споиме двете имиња. Кристиано и јас имаме фантастична врска. Нашата врска е сега подобра од било кога“, открива Георгина.

Освен Алана Мартина, Роналдо има уште три деца кои Георгина ги прифаќа како свои.
„Децата се наша најголема радост. Што ќе се разбудиме, веднаш одиме кај нив да ги прегрнеме и бакнеме“, додаде Георгина.