Георгина ја покажа куќата во која растел Кристиано Роналдо како мал


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Георгина Родригез на Инстаграм објави фотографија од куќата во која растел Кристиано Роналдо и опиша како изгледало неговото детство.

„И одеднаш сфаќаш колку моќна може да биде мислата, сонот, кога живееш позитивно и со надеж. Пред неколку дена, додека се збогувавме со старата година и ја дочекувавме 2018, во Мадеира, ме одведоа во улицата каде пораснала мојата љубов. Тоа е една од оние посебни посети кои остануваат во сеќавање. Се сликавме кај неговата стара куќа, каде пораснал Кристиано. Се сеќавам дека Хуго му кажуваше анегдоти, а мене лицето ми го обземаше насмевка кога ги замислив таму. Крис како дете како со часови шутира топка. Тоа е посебно место, зрачи со надеж, полно е со сништа, труд и мисли толку моќни што во еден момент престанале да бидат соништа и станале реалност. Тоа ја нагласува важноста на чистиот ум и мирната душа, како и позитивниот дух. Не смееме да дозволиме некој да не ограничи, некој да ни каже колку далеку можеме да стигнеме, а ако се обиде да го направи тоа, секогаш мора да бидеме свесни дека тоа се граници на лицето кое ни ги кажува истите, а не наши граници. Беше многу возбудливо да се види местото каде пораснала Легендата“, напиша Родригез.

Георгина во ноември ја роди ќеркичката Алана Мартина, а покрај неа, Роналдо ги има и трите деца родени од сурогат мајки – Кристиано Јуниор и близнаците Ева и Матео.