Георгина доминантна и заводлива на сцената од Санремо


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Свршеницата на фудбалскиот ас Кристијано Роналдо, фаталната Георгина Родригез беше главна ѕвезда на третата вечера на познатиот италијански музички фестивал Санремо.

Претходната вечер шоуто го „украде“ најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој дури и запеа хит на Ерос Рамацоти.

Сега целото внимание беше вперено во атрактивната и сексапилна Георгина. Таа имаше дури два настапи на сцената.

Но, сега јавноста најмногу зборува за нејзината совршена става во белиот фустан со длабок шлиц , поради кои имала проблеми да клекне на сцената.

Водителот на Сан Ремо на сцената во неколку наврати се обидел малку да ја испровоцира Георгина, облекол дрес на Интер на Лукаку, но Георгина му одговорила со знаменце на Јувентус.

За потоа да добие и „помош од публика“ и Кристиано Роналдо од првиот ред од публиката да и го додаде својот дрес на Јуве.

Атрактивната Георгина ги воодушеви сите и со своето танцување и импресивните движења.