Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Томислав Георгиев, Александар Ристовски и Бојан Блажевски се лауреати на овогодинешната награда „Жан Моне“.
Наградата за најдобра аматерска фотографија оди во рацете на Александар Ристовски. Награда за најдобар новинарски текст добива Бојан Блажевски, новинар на „Билд“, додека Томислав Георгиев е добитник на наградата најдобра репортерска фотографија.
Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Советот за етика во медиумите синоќа ги додели наградите за најдобра новинарска сторија, најдобра репортерска фотографија, како и за најдобра аматерска сторија.
Наградата за најдобра новинарска сторија и најдобра репортерска фотографија се на тема „Градење доверба во несигурни времиња”, а наградата за најдобра аматерска фотографија се додели за темата „Нашата различност, наша сила”.
Наградите ги додели евроамбасадорот Самуел Жбогар и почесниот претседател на жирито за наградата „Жан Моне”, Надежда Гаче.