Генијот кој беше погребан како осамен скитник – 225 години од смртта на Моцарт


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Виена умре Волфганг Амадеус Моцарт, голем австриски композитор и гениј на класичната музика, автор на бројни музички дела со кои остави печат на совршенството и на неповторливиот личен музички израз.

На денот на погребот Виена не му се оддолжила на човекот кој нејзиното име го прослави во светот. Моцарт бил погребан во заедничка гробница на сиромашните, а неговиот ковчег никој не го испратил, освен неговото куче.

Негови најпознати дела се оперите „Волшебната флејта“, „Свадбата на Фигаро“, „Дон Жуан“ и други. Роден е во Салцбург на 28 јануари 1756 година.