Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јапонските научници претставија нов тип на стакло кое може само од себе да се зацели од напукнатини и кршења.
Револуционерниот нов екран би довел до практично неуништлив телефонски екран, пренесува Daily Mail. До откритието дошол сосема случајно.
Само држете половина минута
Новото стакло од полимер механички е изразито робустно, а сепак може со леснотија да се поправи со обично притискање на пукнатината врз површината. Доволно е да ги држите притиснати скршените делови заедно 30-тина секунди на температура од околу 21 степен Целзиусов, за да се создаде спој кој е во состојба да издржи товар од 300 грама, а за пар часови се враќа во оригиналната цврста состојба.
Својствата на полиетер-тируејното стакло се откриени сосема случајно кога матурантот Ју Јанагисава подготвувал материјал како лепило. Јанагисава вели дека на почетокот не верувал во резулатите и повеќе пати го повторил експериментот за да биде сигурен во пронајдокот.
„Се надевам дека самопоправливото стакло ќе стане нов еколошки материјал кој нема да треба веднаш да се фрли кога ќе се скрши“, вели тој.
Поврзани обострано исклучиви својства
„Високата механичка тврдост и способноста за зацелување обично обострано се исклучуваат“, велат експертите. „Проширувањето на бројот на самозацелувачки материјали е важен предизвик за одржливо општество“, додаваат тие.
Полимерите со голем број молекули генерално создаваат механички робустни материјали, но нив е тешко да ги поправиш кога ќе пукнат. Причината за тоа е што синџирите на полимери меѓусебно се испреплетени и преслабо реагираат на обидот за повторно поврзување кога еднаш ќе се прекинат.
Но, овде станува збор за полимер со помал број молекули, кој кога ќе се поврзе со цврсти водородни врски, дава механички робустен, но сепак лесно поправлив материјал, и покрај исклучително ниската динамика на дифузија.
Иако се веќе направени и некои други самопоправливи материјали, тие во поглем дел бараат загревање на високи температури од 120 степени Целзиусови, со цел да се реорганизираат нивните меѓусебно поврзани мрежи.
***