Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Компјутерот си бара редовно чистење и одржување, особено тастатурата бидејќи истата може да биде преполна со бактерии. Е сега, наместо да плаќате некој да ви ја заврши таа работа, тоа можете да го направите сами, бидејќи со овој трик воопшто не е комплицирано.
Компјутерот треба редовно да се чисти од прашина, не само поради естетски причини, туку и затоа што на таков начин се продолжува неговиот век на траење. Освен тоа, важно е редовно да се чисти и површината на тастатурата, бидејќи, според некои студии, истата може да содржи повеќе бактерии и од WC школката.
На и во неа, имено, освен прашина, се собираат и мрснотии од нашата кожа, како и сите други валканици од прстите, храната која ја јадеме додека „штракаме“ на типките и така натаму. Секако, постојат луѓе кои за одредена сума пари целосно ќе ви го исчистат компјутерот. Но, ако сакате да заштедите некој денар, а и време, тоа можете да го направите сами со помош на неколку трика.
За отстранување на прашината и трошките од тастатурата (поточно од под тастерите) користете обичен фен за коса. Претходно исклучете го копјутерот и извадете ги сите жици од него. Тргнете го на страна и почнете да дувате со ладен воздух. Работата со прашината и ронките е завршена кога истите ќе престанат да излегуваат од под типките.
Потоа, на тампон за чистење уши, ставете малку алкохол и поминете по самите типки од тастатурата со истиот. Можете да користите и бела киселина наместо алкохол. Ако се одлучите за киселина, претходно разредете ја со вода во сооднос 1:1. После тоа, на нож ставете парче микрофиберска ткаенина и исчистете го со неа просторот помеѓу тастерите. Крпата претходно навлажнете ја со алкохол или киселина.
На крајот, тастатурата пребришете ја уште еднаш површински и со тоа истата ќе биде чиста исто како нова.