Генерално сончев четврток


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шестиот ден, четврток, од месец октомври, во Македонија носи сончево време со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени. Маврово 17, Охрид 21, Битола 19, Крива Паланка 21, Берово 19, Кавадарци 24, Дојран 25.

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Од сабота по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.