Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Милијардерот Бил Гејтс изјави дека на социјалните мрежи лагите многу побрзо се шират од вистината, осврнувајќи се на објавите на социјалните мрежи кои ги пишува Илон Маск и неговото влијание врз широките народни маси.
Во интервјуто за CNBC, Гејтс се осврна и на постовите на технолошкиот могул Илон Маск.
Маск е познат по честото користење на Твитер, а поводот за изјавата на Гејтс е ставот на Маск за коронавирусот – тој, имено, често на оваа социјална мрежа го намалува значење на коронавирусот, а бидејќи има 37 милиони следачи, неговите постови често креваат многу прашина.
Маск, на пример, зборуваше за „непотребната и фашистичка“ одлука за да се воведе карантин во САД, и направи сѐ што можеше за неговите компании да работат и за време на пандемијата на коронавирусот.
The coronavirus panic is dumb
— Elon Musk (@elonmusk) March 6, 2020
Од друга страна, Бил Гејтс се вклучи во борбата против вирусот, и често се огласува со ангажирање на пронаоѓањето на вакцина за болеста ковид-19.
„Илон само сака да одржи што е можно поголем број контроверзни коментари. Меѓутоа, не е вклучен во целата приказна околу вакцината. Прави одлични електрични автомобили и ракети, и затоа му е дозволено да го зборува сето тоа. Се надевам дека никогаш нема да ги измеша нештата во кои е добар со оние за кои не знае ништо“, кажа Гејтс.
Што се однесува до лагите на социјалните мрежи, Гејтс смета дека се идеално тло за ширење погрешни информации и лаги.
„Кога на луѓето ќе им дозволите да комуницираат, мора да бидете спремни на тоа дека некои неточни нешта, кои звучат примамливо, ќе се шират побрзо од вистината. Така е и со вакцината“, кажа милијардерот филантроп.