Гејтс прогнозира дека „акутната“ фаза на пандемијата од коронавирусот ќе заврши во 2022 година


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бил Гејтс новиот омикрон сој на коронавирусот го нарече „загрижувачки”, но додаде дека „акутната” фаза на пандемијата ќе заврши во 2022 година.

„Можеби е глупаво повторно да се предвидуваат работите, но мислам дека акутната фаза на пандемијата ќе заврши во одреден момент во 2022 година. Се надевам дека во иднина за вирусот ќе размислувате само еднаш годишно и тоа наесен додека примате заедничка вакцина против грип и коронавирус”, напиша Гејтс на својот блог, пренесе „Раша Тудеј”

Фармацевтските компании и во историјата имале големи проблеми со продажбата на своите вакцини против грип, поради нивната релативно ниска стапка на ефикасност, како и поради фактот што научниците требаше да предвидат кој вид на вирус ќе биде вирулентен во дадената година.

Гејтс, сепак, е оптимист за терапијата и истакнува дека фармацевтскиот гигант Мерк неодамна доби одобрение од ФДА за својот антивирусен лек молнупиравир, наменет за лицата со висок ризик од тешка коронарна болест.

„Оваа пилула значително ги намалува шансите за хоспитализација или смрт од Ковид-19″, напиша тој на блогот.

Тој призна дека и покрај примената на вакцините против коронавирусот годинава од Ковид-19 починале повеќе луѓе отколку минатата, и додаде дека подобрувањето годинава не е драматично, како што се надевал.

Тој се осврна и на појавата на сојот омикрон оценувајќи го како „загрижувачки”, но и нагласи дека „светот сега е подобро подготвен да се бори против потенцијално опасните варијанти отколку што беше претходно”.

Богатството на Гејтс за време на пандемијата се зголеми на 137 милијарди долари и тој во моментов е четвртиот најбогат човек во светот.