Гејтс најави дека ќе се откаже од своето богатство


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Еден од најбогатите луѓе на светот, милијардерот и филантроп Бил Гејтс, најави дека ќе се откаже од своето огромно богатство и на крајот ќе испадне од листата на најбогати луѓе во светот.

Предходно, Гејтс најави дека ќе донира 20 милијарди долари на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, бидејќи има „обврска“ да го врати своето богатство во општеството, јавува ББЦ.

Четвртиот најбогат човек на светот и во 2010 година најави дека сите пари ќе ги донира во добротворни цели, но се покажа дека ги заработил побрзо отколку што ги потрошил, а оттогаш неговото богатство се удвои.

Гејтс денеска најави дека фондацијата годинава ќе има на располагање шест милијарди долари, а во 2026 година ќе може да потроши девет милијарди за да помогне во борбата против пандемијата, климатските промени и кризата во украина.

Гејтс од основањето на својата фондација донирал 39 милијарди долари