Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американец кој беше осуден за убиство доби смртна казна откако поротата одлучи дека премногу би уживал во затвор затоа што е хомосексуалец.
Чарлс Рајнс беше обвинет за убиство откако избоде до смрт еден работник во продавница. Тројцата поротници од судскиот процес признаа дека имал многу предрасуди за време на расправата за пресудата. „Ако е геј, го праќаме таму каде што би сакал да појде“, изјави едне од нив, пренесува Metro.
Врховниот суд во вторникот ја отфрли жалбата, што значи дека Чарлс го чека извршување на смртната казна, одлука која ги разгневи многумина од јавноста, а најмногу ЛГБТ заедницата.
Адвокатката Риа Тобако изјави: „Судскиот мол прати длабоко загрижувачка порака за вредностите на животот од ЛГБТ луѓето“.
Рајнс до смрт го избоде 22-годишниот Дониван Шефер за време на грабеж во Јужна Дакота уште во 1992 година. Во 1993 година беше осуден на смрт, а пред судот беше објавено дека поротниците знаеле оти тој е геј.
Во судските списи од Врховниот суд стои дека еден од поротниците изјавил дека „хомосексуалец не би требало да може да го помине животот со други мажи во затвор“, а се расправало и за неговите потенцијални цимери.
„Некои поротници сметале дека животот во затвор без можност за условна казна за Рајнс би бил забавен. Па одлучиле да го осудат на смртна казна“, пишува Тобако во Њујорк Тајмс.
„Судот би требало да ја искористи следната прилика и да ја исправи оваа грешка препознавајќи ги предрасудите против луѓето од ЛГБТ заедницата кои не би требале да играат никаква улога во американскиот казнено-поправен систем. Меѓутоа, тоа за господинто Рајнс веројатно ќе дојде предоцн“, заклучи адвокатката.