„Газета дело Спорт“: Интер со 60 милиони во лов на Наинголан


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Навивачите на Интер се нестрпливи и очекуваат нивниот клуб да биде поактивен на трансфер пазарот, а според информациите на медиумите раководството спрема вистинска трансфер „бомба“.

Денес на медицински прегледи во Милано пристигна Борха Валеро за кого „нероаѕурите“ ќе платат 7 милиони евра, но во плановите е уште едно големо име како засиливање за средниот ред.

Не е тајна дека најголема желба на тренерот Лучијано Спалети е ѕвездата на Рома, Раџа Наинголан, а се чини дека раководството е спремно да му ја исполни желбата на тренерот.

Денешното издание на „Газета дело Спорт“ пренесува дека „нероаѕурите“ оствариле првичен контакт со Рома и се спремни да платат 60 милиони евра за потписот на Белгиецот.

Спортскиот директор на „волчицата“ најави дека Наинголан не е на продажба, но Интер не се откажува и е спремен да му понуди многу поголема плата од онаа која ја заработува во Рома.

Во секој случај ова е знак дека „нероаѕурите“ имаат финансиска моќ и дека ова лето на „Џезепе Меаца“ се очекуваат големи имиња.