Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Откако утринава на терен заедно излегоа полиција, општински инспектори и работници од јавните претпријатија со цел да интервенираат на дивоизградените објекти на охридското градско крајбрежје, газдите од угостителските објекти сами почнаа да си ги уриваат бесправно изградените платформи и објекти.
Сопствениците на ресторанот „Момир“ и кафулето „Ликвид“ денеска побарале сами да ги урнат дивоградбите кои задираат во водите на Охридското Езеро, по што даден им е разумен рок на своја рака да започнат со активностите, откако утрово се изведуваа подготовки за уривање од страна на општината.
Од општината велат дека во текот на викендот ќе вршат инспекција и доколку сопствениците не го почитуваат сопственото барање, ќе руши општината, а ќе треба да платат сопствениците.
Ваквиот пример следи по сопственикот на угостителскиот објект „Аквариус“ кој одлучи самиот да ја отстрани платформата пред неколку дена.