Home Спорт Газдата на Шахтер Доњецк ги купува ФК и РК Вардар: Милијардерот Ахметов нов сопственик на црвено-црните?

Газдата на Шахтер Доњецк ги купува ФК и РК Вардар: Милијардерот Ахметов нов сопственик на црвено-црните?

Газдата на украинскиот гигант Шахтер Доњецк, Ринат Ахметов преговара за да ги преземе фудбалскиот и ракометниот клуб Вардар од рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, кој повеќе од пет години инвестира во двата црвено-црни клубови, дознава Спорт 1

Ахметов е еден од најбогатите украински олигарси, чие богатство се проценува на 6,5 милијарди долари, газда е на холдинг-компанијата „Систем Кепитал Менаџмент“, која е главна финансиска и индустриска корпорација во Украина, а украинскиот милијардер од октомври 1995 година е газда на Шахтер, кој го направи доминантен клуб во својата земја и редовен учесник во Лигата на шампионите.

Според информациите на „Спорт 1“, приватен авион со луѓе блиски до Ахметов викендов пристигнал во најголема тајност во Скопје за да почнат преговари со Самсоненко за превземање на сите бизниси на Русинот во Македонија. Вклучително и фудбалскиот и ракометниот клуб, кој пред една година беше европски првак.

Украинците викендов го посетиле и тренинг-кампот на Вардар во скопската населба Хиподром за да ги видат сите услови што црвено-црните ги имаат пред евентуалното превземање на клубот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…