Газдата на Ливерпул им се извини на вработените во клубот и на навивачите (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сопственикот на англискиот фудбалски гигант Ливерпул, Џон В. Хенри, упати јавно извинување кон вработените во клубот, а особено на навивачите, признавајќи ја грешката што ја направија со влегувањето во Европската Суперлига.

Навивачите на еден од најтрофејните клубови во Европа го покажаа своето незадоволство веднаш откако објавија дека нивниот тим е еден од основачите на таканаречената Суперлига. По социјалните мрежи, тие наскоро излегоа на улиците, пред стадионот „Енфилд“, но се појавија и пред „Еланд Роуд“ пред гостувањето на тимот на Лидс во понеделникот.

Важна улога во влијанието за донесување на оваа одлука од сопственичката структура на Ливерпул имаше и капитенот на клубот Џордан Хендерсон, кој најпрво одржа состанок со капитените на сите други премиерлигашки екипи, а потоа објави изјава на социјалните мрежи во која се вели дека не ја сака Суперлигата, по што ја испратија и сите негови соиграчи, и обединети го натераа клубот да ја промени одлуката.

Затоа, првиот човек на Ливерпул, Бостон Ред Сокс и групата Фанвеј, Џон В. Хенри, испрати јавно извинување до сите навивачи и вработени во клубот од Мерсисајд.

„Ве слушнавме, јас ве слушнав..Сакам да му се извинам на Јирген, играчите и секој што работи многу за овој клуб. Проектот не можеше да заживее без поддршка од фановите и во последните 48 часа беше многу јасно дека нема да има поддршка. Сите оние кои работат во клубот немаат никаква одговорност за она што се случило. Тие беа најмногу вознемирени и беше направена неправда. Тоа е она што најмногу боли. Тие работат секој ден за да ве направат горди, тие навистина го сакаат овој клуб“ – изјави Хенри во својата видео изјава.