Газдата на „Авицена КС“ Дритон Шуки осомничен за кражба на медицинска опрема од скопски болници


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Минатата недела медиумите во Косово пренесоа дека косовската полиција спречила украдена медицинска опрема од Македонија да заврши во поликлиниката „Авицена КС“ во Приштина. Вредноста на опремата била 45 илјади евра, а сопственикот на поликлиниката тврди дека ја купил за 10 илјади евра.

Сопственик на оваа поликлиника во Приштина е Дритон Шуки, кој има бизниси и во Косово и во Македонија, а е добро поврзан и со косовските и со албанските политичари од Македонија.

Според косовската полиција Шуки (47) на 17 ноември бил сослушан и е осомничен дека направил кривично дело со купување на медицински апарат кој се сомничи дека е украден во Скопје.

И македонската полиција е дел од истрагата за овој случај.

Шуки во изјава за косовски медиуми вели дека во полицијата бил повикан како сведок, а не како осомничен.

Според Радио слободна Европа Дритон Шуки од 2019 година е член на Централниот одбор на ДУИ и еден од најголемите донатори на оваа партија.

На својот фејсбук-профил Шуки редовно објавува фотографии од средби со функционери на ДУИ, вклучувајќи го и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Освен тоа, според фотографиите на фејсбук, Шуки е близок и со косовските политичари.

Во Македонија Шуки е сопственик на фирмата „Рајана инженеринг“ која гради неколку станбени и деловни комплекси во Скопје.