Гатузо прво му се јави НЕГО: Силвио кажа „амин“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес Винченцо Монтела и официјално доби отказ од клупата на Милан, а на негово место ќе седне легендата на клубот Џенаро Гатузо.

Гатузо беше тренер на младинците на Милан, па логично раководството прво на него му го понуди кормилото на првиот тим. Легендарниот Рино ќе биде претставен утре на официјална пресконференција.

Италијанските медиуми пренесуват дека утрово Гатузо пред да ја прифати понуда најпрво му се јавил на својот „омилен“ претседател Силвио Берлускони и имал долг разговор со него.

Ова го потврди и самиот Берлискони кој преку социјалните мрежи му посака среќа на својот „стар војник“.

„Утрово имав долг и пријателски разговор со мојот стар војник Рино Гатузо. Среќно Рино и нормално…Форца Милан“, напиша Берлускони.