Гатузо: Кога одам во кревет ги сонувам Венгер и Озил!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Утре во осминафиналето од Лига Европа се игра големи дерби меѓу европските гиганти Милан и Арсенал на „Сан Сиро“.

Тренерот на „росонерите“ Џенаро Гатузо му ја препушти фаворитската улога на тимот од Лондон, но истакна дека неговиот Милан може да се пласира во следната фаза.

„Кога одам во кревет ги сонувам Венгер и Озил. Можеби сега се наоѓаат во криза, но Арсенал има огромен квалитет и дефинитивно имаат посилен тим од Милан. Јас предводам млад тим и освен Бонучи и Биглија, останатите немаат искуство во вакви натпревари“, истакна Гатузо.

„Сепак, мислам дека ние имаме свои шанси и треба да ги искористиме слабите точки на Арсенал. Треба да уживаме во натпреварот бидејќи ќе играме против преполн Сан Сиро и имаме шанса да постигнеме важен резултат. Вакви натпревари ни се потребни за да растеме како тим“, додаде Гатузо, кој потоа зборуваше и за Астори.

„Голема трагедија. Не загубивме само фудбалер, туку и голем човек. Имаше само 16 години кога дојде во Миланело и пред да влезе во теретаната ме праша дали може. Тоа кажува дека беше воспитано момче кое секогаш ги почитуваше постарите. Сочувствувам со неговото семејство и неговите блиски“.