Гаши нов лидер на Движењето „БЕСА“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На вчерашниот конгрес кој се одржа во Тетово, Африм Гаши е избран за претседател на Движењето „БЕСА“. За него гласале 522 делегати, 12 биле против и осум воздржани од вкупно 575 делегати.

Гаши изјави дека БЕСА отсега ќе биде партија не само на Албанците, туку на сите народи кои живеат во Македонија и кои ги бараат нивните права коишто им следуваат.

Најави дека како претседател на БЕСА ќе се залага за петте точки од програмата на партијата, а тоа се евроатланската интеграција на земјата, подобар живот за граѓаните, еднаква правда за сите, отворена партија за сите и за редефинирање на земјата.