Гаши: Алтернатива можно е да влезе во владејачкото мнозинство ако…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, во своето гостување на ТВ21 посочи дека пратениците од неговата партија ќе бидат конструктивни, најавувајќи дека е можно да преминат во редовите на владејачкото мнозинство, доколку имаат „силна потврда“ дека земјава во скоро време ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

На директното прашање дали Алтернатива ќе остане во опозиција или ќе влезе во владата, Гаши рече дека е тоа „лесно прашање но и дека одговорот е тежок“.

„Да направиме анализи. Да се консултираме со меѓународниот фактор и ќе донесем одлука. Ако имаме силна потврда дека блиску сме до датум, тогаш немаме дилема каде треба да се ориентираме“, рече Гаши.

Прашан за непојавувањето на Реџепи, лидерот на Алтернатива рече дека 10 минути пред почетокот на седницата сфатиле дека им недостасува еден пратеник од БЕСА, и по неколку јавувања виделе дека нема да успее иницијативата.

„После ова денеска, Алтернатива не се гледа во иста влада со БЕСА“, рече лидерот на Алтернатива.