„Гаражиран“ Lamborghini Miura од 1971 продаден за 1,4 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Примерот од моделот Miura P400 од луксузниот спортски автомобилски бренд Lamborghini, кој бил заборавен во плевна на германски Шварцвалд, достигна аукциска продажна цена од 1,4 милиони евра во Лондон.

Реткиот примерок на легендарниот модел на Lamborghini со број на шасија 4245, пред речиси половина век го купил еден директор од Нирнберг, за автомобилот подоцна да му биде продаден на германскиот тркач Ханс Петер Вебер.

Откако во 2015 година Вебер почина, автомобилот завршил во неугледна гаража на планината Шварцвалд каде што бил до неодамна.

Следната дестинација на оваа ретка миура веше лондон каде аукциската компанија Sotheby’s Eruope го понуди на продажба. На крајот беше продаден за 1,24 милиони фунти (околу 1,4 милиони евра).

Се истакнува дека ватомобилот на аукцијата ја достигнал оваа сума благодарение на тоа што неговата надворешност и ентериерот се во оригинална состојба и се многу добро зачувани за годините.