Гаража од соништата – рај за обожавателите на ретро автомобилите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Оваа недела, во организација на британската аукциска куќа Sothеby, на продажба ќе биде понудена автомобилска колекција од 140 ретки луксузни ретро автомобили која е сопственост на анонимен колекционер.

Во колекцијата ги има сите најзначајни модели од минатите неколку декади. Од ретките модели на Aston Martin, Porsche, Mercedes, па до BMW и Renault.

Сопственикот е анонимен автомобилски колекционер и ентузијаст, кој се заситил од колекцијата, од која првите 20 примероци ќе се продадат оваа недела на аукција на Sotheby, а другите во текот на годинава.

Крис Харис вели дека му затрепериле колената од преубавиот избор.