Галичка свадба: Ројтерс VS Грците – 5:0


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новинската агенција Ројтерс пет пати досега на социјалната мрежа Твитер ја реобјавува снимката која е пресек на овогодинешната „Галичка свадба”.

Кратката промотивна видео-приказна на Ројтерс го објаснува настанот како „традиционална македонска свадба која што почнува со бричење на младоженецот“.

Иако на првата објава агенцијата доби стотици критички коментари од грчки профили дека не се работи за македонска туку за свадба во Северна Македонија или за Скопјанска свадба, од Ројтерс уште четири пати го споделија видеото кое досега само на Твитер е видено над 240 илјади пати.

Церемонијата која ја овековечува Ројтерс опишува „една од многуте симболични традиции на Свадбата на Петровден која се случува секој јули во селото Галичник”.