Галење на гради, па жесток секс: Најжешката серија станува уште попровкативна (18+)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Серијата The Deuce после првата епизода беше прогласена за најексплицитна во историјата, а секоја нова епизода одново ги шокира (но, да бидеме реални, и ги приковува пред екраните) гледачите.

Во последната епизода Меги Гиленхал, која ја глуми Ејлин Кенди Мерел, самохрана мајка која станува проститутка, ги милува градите на актерката Емили Меди, која ја глуми Лори.

„Цел живот сакав гради како твоите, но Дедо Мраз никогаш не ми ги донесе“, вели таа во сцената. Лори и Ејлин во  таа сцена заедно симаат порно, а освен жешките глетки, гледачите можат да чујат и доста експлицитен јазик.

Освен лезбијските сцени, во последната емитувана епизода се прикажуваат и сцени со доста груб секс меѓу Ејлин и нејзиниот богат клиент кој, после сексот, грубо ја исфрла од својата хотелска соба.

Меги Гиленхал откри дека се двоумела дали да ја прифати оваа улога, најмногу заради своите две малолетни ќерки.

Дејството во серијата се одвива во Њујорк, во седумдесеттите години од минатиот век, и се занимава со порно индустријата во тој период.