Гагаџии на државна сметка: Овие им ги цицаат крвта и парите на народот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во најновата на анализа на Буџетот на Македонија која ја направи порталот СакамДаКажам, се наведува дека во Македонија постои буквално цела армија од административци кои се напикани во државни агенции и органи чии називи дури и тие што ги измислиле за да ги размножат како плева, не можат да ги прочитаат, а камоли да ги изговорат.

Ретко кој знае што работат и дали одат на работа, а и тие што одат на работа, со нов предлог-закон би работеле 36, место 40 часа неделно, како обичните луѓе.

Разгледувајќи го Буџетот на Република Македонија, може да се види дека за сите има посебни ставки за пари. Приватниот сектор кој ги носи на грбот овие вработени во државни органи и агенции со чудни имиња, треба да знае кого сè храни.

Одејќи низ Скопје, ќе се сретнат чудни табли со називи. Национална агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија и Агенција за поддршка на претприемништвото, се само едни од десетиците измислени органи кои никнуваат како печурки со секоја наредна власт.

Меѓу цицачите на државен буџет е и Агенцијата за иселеништво. Откако постои, иселени се меѓу 250.000 и 400.000 граѓани од Македонија. Доказ дека и овие вработени во агенцијата се кршат од работа, е што за македонски пасош наши граѓани кои живеат и работат во странство, чекаат и до една година. Отприлика 6 месеци дури да се пријават и дури дојде лаптопот со авион за да ги слика со него некој од амбасадите, и уште толку дури го добијат пасошот. А во меѓувреме да отсуствуваат од работа, да губат дневници и да добиваат откази и секако да прават енормни патни трошоци до амбасадите.

Никој не знае од каква корист е таа Агенција за иселеништво и зошто, всушност, постои и добива пари од граѓаните, освен за поставување на партиски директор (најчесто од помалите коалициони партии за поткусурување).

За да се оправда постоењето на овие институции за вдомување на партиски кадри, им се измислуваат имиња и категоризации. Дел се органи во состав на владата, дел на министерствата, дел се комисии, дел самостојни органи, дел инспекторати… Човек не може да се снајде кој за што е и зошто е, во која категорија спаѓа.

Целосната статија можете да ја прочитате на хиперлинкот од СакамДаКажам означен погоре