Advertisements
Славни

Гага се враќа во форма на љубовен план: Медиумите тврдат дека има нов дечко

Во јули минатата година, пејачката Лејди Гага ја раскина веридната со актерот Тејлор Кини, со кој беше во врска од 2011 година, кога тој беше главна ѕвезда на нејзинот спот „You And I“.

Актер пред пејачката клекна на Свети Валентин во 2015 година со дијамантски прстен во форма на срце, а медиумите често ги прогласуваа за еден од најслатките холивудски двојки. И самата Гага призна дека никогаш не била посреќна, па раскинување беше големо изненадување.

Потоа, пејачката се посвети на работа, а во наредните месеци го промени имиџот и сега изгледа поубаво од кога било досега.

Денови американските таблоиди почнаа да тврдта дека во нејзинот живот „влегол нов маж“.

Иако вестите не се официјално потврдени, таблодите тврдат дека станува збор за 48-годишниот „ловец на таленти“, Кристијан Каринo, кој е 18 години постар од Лејди Гага. Меѓу, неговите клиенти се и Џенифер Лопез, Џастин Бибер, Сајмон Кауел и Мајли Сајрус.

Двојката се појави заедно на ревијата на Томи Хилфигер, каде Кристијан беше „уловен“ како трпеливо чека додека неговата сакана позираше и му честиташе на познатиот дизајнер на новата колекција.

Покрај тоа, се шпекулира, дека крај неа на ревијата седела и ќерката на Кристијан, па таблоиидте претпоставуваат дека нивната љубов трае веќе некое време.

Кристијан пред Гага беше во врска со ѕведата на серијата „Живи мртовци“, актерката Лорин Коан.

Advertisements
To Top