Гага има нова тетоважа – обожавателите шпекулираат дека е посветена на Бредли Купер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако Лејди Гага и Бредли Купер го снимија филмот „A Star Is Born“, нивните обожаватели се надеваат дека и во реалност тие, некако, ќе станат пар, иако и двајцата имаат долгогодишни љубовни врски.

Гага неодамна си се почести со нова тетоважа, која дополнително ги разгоре страстите на нејзините обожаватели.

Обичното излегување со пријателите се претвори во идеален момент за тетовирање, па Гага на нејзината подлактица ги иститетовира нотите „G-A-G-A“. Но, обожавателите не го прифатија ова едноставно објаснување на тетоважата, па почнаа да истражуваат, додека еден од таа обожавателска армија на пејачката не излезе со тезата дека тие ноти, исто така, се означуваат и со „B-C-B-C“, што всушност се иницијалите на Бредли Купер.

Иако е сосема веројатно и јасно дека тетоважата значи само „GAGA“, дел од нејзините обожаватели се убедени дека истата е поврзана и со славниот актер.

Инаку, чисто информативно од реалноста, Бредли Купер е во долгогодишна врска со славната Ирина Шајк, со која имаат и едно дете, додека Лејди Гага е во комплицирана врска и однос со Кристијан Карин, со кого уште не е сигурно дали имаат раскинато или не.