Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лондонскио Imperial College замина еден чекор понапред во концептот и начинот на академски предавања со презентацијата на футуристичко предавање на кој професор се појавува како холограм и ги едуцира студентите.
Универзитетот има план да стане прва високообразовна установа во светот , каде ваквиот начин на предавење ќе стане вообичаена пракса. За сега ваквиот начин на настава ќе се ограничи на економскиот колеџ , додека во иднина се планира и на другите смерови.
Од колеџот велат дека овој начин на комуникација е далеку подобар отколку конференциската врска. Холограмскиот систем на настава го обезбеди канадската компанија Arht Media.
Таа е далеку поисплатлива отколку системот Pepper’s Ghost , кој го користат некои политичари , што чини и до 150.000 фунти по настан.