Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според најавите на полициските служби од Дубаи, користењето на футуристичкиот „ховербајк“ S3 2019 од страна на нивните патроли може да се имплементира до 2020 година.
Најавите за воведување на ваква футуристичка моторизација на полицијата во Дубаи доаѓаат од директорот на одделението за вештачка интелигенција, Халид Насер Алразуки. Минатата година беше потпишан договорот со полицијата од Дубаи за бесплатно користење еден Ховерсурф , а во тек е и обука на полицајците.
„Во моментов имаме две екипи кои се во процес на обука , а секој ден го зголемуваме бројот на практиканти.” , вели Алразуки.
Овој летечки мотор е достапен и за цивили кои може да го имаат во своите гаражи ако се спремни да платат 150.000 долари.