Авто мото

Футуристички проект: Porsche дизајнира вселенски брод

За 20 декември, оваа година, е најавена големата и долгоочекувана премиера на продолжението од филмскиот серијал „Star Wars”, а за тогаш е најавено претставување на футуристичкиот дизајн за вселенски брод од страна на гигантот Porsche.

Porsche и LukasFilms се здружија да создадат дизајн на ново летало што ќе можеме да го видиме на премиерата на најновото продолжение на „Star Wars”, наречено The Rise of Skywalker.

Секако, врската ќе биде Taycan, првиот електричен Porsche и трн во окото на Tesla. На крајот на краиштата, некои веќе ја гледаат врската меѓу овој потег и оној што Муск го лансираше со Roadster на Tesla во вселената.

Новиот авион, наводно, ќе добие улога во идните филмови „Star Wars“, објаснуваат од Porsche.

„Иако на прв поглед не се чини дека имаме многу заеднички точки, двата света имаат слична филозофија за дизајн. Соработуваме тесно со тимот на Star Wars, нè инспирираат и фасцинираат. Сигурен сум дека и двете страни ќе имаат голема корист од оваа размена“, рече Мајкл Мауер, потпретседател и главен дизајнер во Porsche.

Advertisements
To Top