Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Американската бренд агенција „Илевен инк“ дизајнираше патики кои изгледаат како да припаѓаат на некој научнофантастичен филм. Патиките се опремени со безжичен интернет, полнач за телефон, видео-екран и батерија која трае полни три часа. Патиките „Virgin America First Class Shoe“ имаат копче дизајнирано како заштитен појас, а за сега е направен само еден пар, кој е понуден на една добротворна аукција.
Парите добиени од продажбата ќе отидат на сметка на непрофитната организација „Soles4Souls“, која сиромашните лица ги снабдува со чевли и облека. Цената на патиката изнесува 4.950 долари, а останале уште осум дена до затворањето на аукцијата.