Футуристички авиони без прозорци ќе нудат фантастична панорама при летањето


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ако сега е само фантазија и желба за неповторливо искуство при авионскиот лет да имате фантастичен панорамски поглед отсекаде, а не само седиштата покрај прозорците, оваа футуристичка концепција ќе биде реалност за 10 до 15 години. Ваквите футуристички авиони по целата своја должина ќе биде прекриена со OLED екрани на допир.

Екраните осетливи на допир се поврзуваат со камери кои се наоѓаат насекаде околу авионот. Тоа ќе им овозможи на екраните да прикажат реалистичен приказ на она што се случува околу авионот.

Доколку не сакате да гледате во небото, виртуелниот прозорец ќе можете да го претворите и во систем за забава.