Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Владините функционери од редот на Алијансата за Албанците ќе поднесат колективни синхронизирани оставки од своите позиции.
За Алсат М, замениците-министри, државниот секретар во правда, како и именуваните директори кои ги предложи оваа партија потврдија дека најверојатно утре ќе се повлечат од функциите.
Премиерот Зоран Заев најавува дека на првата наредна седница на Владата ќе бидат констатирани оставките и ќе бидат предложени кандидати кои ќе ги заземат нивните позиции.
Заминувањето на Алијансата за Албанците од Владата доаѓа неколку дена по изборот на новиот министер за здравство, ресор кој до пред локалните избори го имаше Арбен Таравари. Во замена за здравството, Заев му понуди на Села вицепремиерско место за спроведување реформи, но лидерот на Алијансата одби и на шега оваа позиција ја нарече вицепремиерско место за носење бурек, сугерирајќи дека таков ресор треба да се раководи од ДУИ.
Според Села, актуелната влада на СДСМ и ДУИ е претворена во машина за чистење на криминални и корупциски афери на актуелните функционери. И покрај одлуката да си заминат од Владата, од Алијансата најавија дека ќе ги поддржат законите и реформите неопходни за членство во НАТО и во ЕУ. Двата пратеника на Алијансата, мнозинството ги замени со пратениците Чедомир Саздовски и Амди Бајрам.
Премиерот Зоран Заев рече дека оставката на замениците-министри од Алијансата за Албанците е очекуван чекор откако лидерот на оваа партија, Зијадин Села не ја прифатил понудата од Владата за потпретседателско место за реформи во Владата.
Тој на прес-конференцијата во Владата каде што беше презентиран планот за економски пораст, изјави дека нема да брза со разрешување на кадри во институциите како од претходната власт така и од Алијанса за Албанците, бидејќи квалитетните кадри треба да останат и верува во капацитетот на тие граѓани.