Фудбалските клубови станаа играчка за милијардерите


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Му се допаѓало тоа некому или не, факт и реалност е дека денес фудбалските клубови, за жал, станаа „играчки“ за богаташите. Па неверојатна приказна ни пристигнува од Кина каде богаташ купи клуб за неговиот син да може да биде фудбалер.

Кинески бизнисмен стана сопственик на второлигашот Зибо Кују, а во нападот игра неговиот син Хи Шихуа.

Тоа немаше да биде ништо чудно доколку Шихуа не беше тежок 125 килограми и тренерот е приморан да го користи на секој натпревар. Притоа, тој ги изведува сите прекини, пенали, корнери, слободни удари…

Поради тоа не е ни чудо што овој клуб е закован на дното на табелата.