Advertisements
Спорт

Фудбалскиот „волшебник“ денес полни 39 години! (видео)

Денес слави 39 години една до најголемите фудбалски ѕвезди на европскиот и светскиот фудбал, Роналдињо.

Роналдињо е роден на 21-ви март 1980 година во Бразил, а дваесетина години подоцна се запиша во историјата како еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, познат уште како „волшебник“.

Тој својата богата кариера ја започна во Гремио, од каде се сели во Европа во дресот на ПСЖ. Потоа во 2003 година направи трансфер во Барселона каде ја доживеа најголемата слава и со златни букви го запиша името во историјата на каталонскиот гигант. Потоа се пресели во Милан, а после три години го напушти „Сан Сиро“ и се врати во Бразил каде ги носеше дресовите на Фламенго, Атлетико Минеиро и Флуминензе.

Роналдињо може да се пофали со бројни трофеи. Со Бразил става светски шампион во 2002 година и ја освои Копа Америка во 1999 година.

На клупско ниво освои две титули во Шпанија, една во Италија, а во 2006 година ја освои и Лигата на шампиони со Барселона.

Неговите магии на теренот уште долго време ќе се паметат и ќе се користат во најавните шпици, зошто фудбалот до него и после него нема видено волшебник како Роналдињо.

Advertisements

Најпопуларно

To Top