Фудбалскиот клуб Барселона од денес почнува со штрајк


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Барселона најави дека ќе го поддржи штрајкот во Каталонија кој ќе се одржи поради полициската бруталност на референдумот за независност.

Од Барселона информираат дека ниту еден спортски дел од организацијата нема да работи, почнувајќи од најмалите категории, до сениорите. Тука спаѓаат и останатите спортски секции како кошаркарската и ракометната.

„Поминуваме низ важен историски момент и се повеќе сме посветени кон слободата на нашата земја. Многу сме посветени на Каталонија и тоа ќе го покажеме со сите средства со кои располагаме. Се солидаризираме со жртвите од нападите и со оние кои застанаа во одбрана на демократијата“, изјави претседателот на Барса, Бартомеу.